Понекогаш, на човек не му требаат големи зборови… му треба да почувствува дека не е сам. Дека има луѓе што мислат на него, што сочувствуваат со неговата борба и што се подготвени да подадат рака кога е најпотребно. 

Затоа, ве повикуваме сите со отворено срце да бидеме дел од оваа хуманитарна приказна за Трајко Тодороски.
Да дојдеме не само за песната и музиката, туку пред сè за човечноста. Да покажеме дека кога некој има потреба од нас, знаеме да застанеме заедно, искрено и од срце.
Не е важно колку можеме да дадеме. Важно е да дадеме од срце. 
Да му покажеме на Трајко дека не е сам. Дека зад него стојат луѓе, срца и надеж.














