Гимназијата се најде меѓу 10-те најуспешни училишта во деветмесечната обука за вештачка интелигенција, организирана од Министерството за образование и наука во соработка со Brainster Next.
Успехот на училиштето е дополнет и со постигнувањата на тројца професори, кои се најдоа меѓу 100-те најуспешни учесници на обуката.
Кристина Љубисављевиќ Петровска се пласираше меѓу 10-те најуспешни наставници, додека Надица Николоска Филипоски и Ѓоко Доревски се најдоа меѓу 100-те најуспешни наставници.
По завршувањето на обуката, најуспешните наставници и училишта добија сертификати и признанија за вложениот труд, посветеноста и стекнатите знаења во областа на вештачката интелигенција.
Од Гимназијата посочуваат дека овие резултати претставуваат потврда за заложбите за унапредување на наставата, континуирано професионално усовршување на наставниот кадар и примена на современите технологии во образовниот процес.
Во услови кога вештачката интелигенција отвора нови можности и предизвици, особено значајно е учениците да се оспособат да ја користат креативно, критички, етички и одговорно.
Постигнатиот успех е уште еден чекор кон осовременување на образованието и создавање нови можности за учениците.


















