АктуелноОхрид

Упатувал закани преку социјалните мрежи кон полициски службеник, а го оштетил и неговото возило

На 05.10.2026 во 17:35 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија лице на (19), постапувајќи по претходна пријава дека преку социјални мрежи упатувал закани кон полициски службеник, а потоа го оштетил и неговото патничко моторно возило.

По целосно документирање на настанот, против  лицето  ќе биде поднесена соодветна пријава.