АктуелноОхрид

Џудистите на „Дрим“ од Струга настапија на два турнири во две држави

Џудистите на *ЏК „Дрим“ од Струга* имаа активен натпреварувачки викенд, настапувајќи на турнири во *Рожаје, Црна Гора и Ниш, Србија*, каде што клубот го претставуваа две екипи. На турнирот во *Рожаје* настапија *Давид Спироски, Енил Ајдиноски, Амар Бајрамоски, Даријан Ночески, Софија Ноческа и Мила Стојанова*. Во *Ниш*, боите на струшкиот клуб ги бранеа *Мартина Салви, Лука Трца, Ненад Костоски и Ајлин Бајрамоска*. Од клубот истакнуваат дека *Михаил Н., Матеј Д., Дамјан П. и Сергеј Б.* исто така прикажале одлични борби. Иако овојпат останале без медал, од ЏК „Дрим“ нагласуваат дека стекнатото искуство е значајно за нивниот понатамошен спортски развој.

„Горди сме на секој наш борец. Медалите се важни, но карактерот што се гради на татами е уште поважен“, порачаа од ЏК „Дрим“.

Од клубот упатија благодарност до домаќините во Рожаје и Ниш за гостопримството и организацијата на натпреварите. „Два натпревари. Две држави. Еден тим! Одиме понатаму – посилни, храбри и заедно“**, порачаа струшките џудисти.