АктуелноОхрид

Европскиот ден на спортот одбележан со движење, здрави навики и заедништво во ООУ “Григор Прличев“

Со големо задоволство, нашето училиште ја прифати поканата од Федерацијата на спортски педагози на Македонија да го организира главниот настан по повод одбележувањето на Европскиот ден на спортот во училиштата – #ESSD2026. 💙🏃‍♀️
Прекрасен ден посветен на движењето, здравите навики, еколошката свест и пред сè, на радоста што ја носи заедничкото учество. 🚴‍♀️🌿😊
Овојпат, не само учениците, туку и родителите беа на ниво на задачата! 👏💪
Бескрајно сме благодарни за нивната поддршка и несебичната помош во организацијата. Заедничка активност родител-дете е приказна со посебен сјај. 👨‍👩‍👧‍👦
Голема благодарност и до СВР – Охрид и Црвен крст – Охрид, кои се погрижија настанот да помине во целосна безбедност. 🙏⛑️🛡️
Силно веруваме дека искуственото учење создава знаења, навики и вредности кои не се учат само за оценка, туку се усвојуваат и памтат цел живот. 🌱❤️🏫
Одговорни наставници за реализација на настанот: Славица Мојсоска, Кате Бујароска Анѓелеска и Олгица Грозданова Зиврев.