На 23.09.2026 во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено дека во
болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди го пренеле лице на (52) од Охрид.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи во објект во
изградба за правно лице од Струга.
Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР
Охрид и трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.


















