На 21.09.2026 во 11:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот .„Туристичка“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (45) од Охрид и товарно возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (46) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „ауди“ едно лице , констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.


















