АктуелноОхрид

67-годишно лице од Охрид управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал на коловозот, констатирана смрт

На 17.09.2026 околу 11:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Охрид, 67-годишно лице  од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Од здобиените повреди,  починал на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош констатирала смрт.

 

67По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид.