АктуелноОхрид

Спречен обид за палење кабли на депонијата „Буково“

На депонијата „Буково“, од страна на чуварската служба на ЈП„Охридски Комуналец“, беа затекнати лица кои неовластено влегле во просторот на депонијата.
📍 Чуварската служба веднаш и експресно реагирала и ги предупредила лицата да го напуштат просторот. И покрај даденото предупредување и наредбата од страна на чуварот, лицата одбиле да ја напуштат депонијата.
🛂 Поради нивното противење и неовластеното присуство, чуварската служба веднаш го пријавила случајот до СВР Охрид. Припадниците на СВР Охрид навремено и професионално постапиле по пријавата и ги отстраниле лицата од просторот на депонијата.
⚠️ Според сознанијата од терен, лицата биле затекнати при активност поврзана со палење кабли. Ваквото постапување претставува сериозна опасност за предизвикување пожар на депонијата „Буково“, особено имајќи ја предвид природата и условите на депонијата.
✔️ Благодарение на брзата реакција на чуварската служба, како и навременото постапување на СВР Охрид, спречена е можноста за понатамошно дејствување и потенцијално предизвикување пожар.
🤝 ЈП „Охридски Комуналец“ упатува благодарност до чуварската служба за професионалното и навремено постапување, како и до СВР Охрид за брзата реакција.
‼️ Воедно, апелираме до сите граѓани да не влегуваат неовластено во просторот на депонијата и да не преземаат активности со кои може да се загрози безбедноста на депонијата, вработените и животната средина.