Охрид

ОО СДСМ Охрид: Претседателот на Совет Перчо Божиновски ја замајуваше јавноста дека сите училишта во Охрид се подготвени за почеток на учебната година

РЕКОНСТРУКЦИЈА или ИМПРОВИЗАЦИЈА
Трета недела од новата учебна година!
Кога лажевте?
Ден пред 1 Септември или сега??
Претседателот на Совет Перчо Божиновски ја замајуваше јавноста дека сите училишта во Охрид се подготвени за почеток на учебната година.
Го прашуваме Божиновски, во какви услови учат учениците во неговото матично училиште- охридската гимназија?
Самата директорка на Гимназијата признава: поради „недостатоци“, дел од поткровјето морало да се прави од почеток!
Кој ја контролираше реконструкцијата? Кој ги направи пропустите? И кој ќе плати за повторно завршената работа?
Свесни ли сте дека децата и вработенуте престојуваат таму во небезбедни услови?
Реакциите на родителите од ООУ ,, Григор Прличев треба да ги послуша оваа локална власт. Зошто таму со градежни работи започнавте многу подоцна, а не како што било планирано па да имате време да го завршите реновирањето?  Зошто им се кажало на родителите дека актуелните смени на учениците ќе траат многу кратко откако родителите загрижено реагирале што учениците во попладневните часови треба да учат до 20 часот, дополнително на реакцијата дека дечињата од нижите одделенија ќе одат само попладне на училиште, а фактичката состојба е дека градежните работи ќе траат подолго… Кого го лаже оваа локална власт? Својот сопствен народ, очигледно.
Никој еден човек не е против вложување во образовните институции… но знаете зошто ? Затоа што тоа се ПАРИ ОД НАРОДОТ. Народот со свои пари ги реновира училиштата, не од џебот на локалната.
Затоа доста со оправдувања. Охрид заслужува одговорност, а не импровизации со јавни пари! Поготово не кога се работи за деца!