АктуелноОхрид

Лице од Скопје пријавил дека неговиот син го напуштил автокампот во Охрид каде престојувале, езерската полиција и останатите служби ги пребаруваат езерските води

На 14.09.2026 година во 18.10 часот во СВР Охрид,  лице   од Скопје, пријави дека неговиот син  лице на (32) од Скопје, со кого престојувал во автокамп во Охрид  го напуштил кампот по што, на плажата пронашол дел од  неговите алишта, мобилен телефон и гумен чамец.

 

Веднаш по добивањето на пријавата,  полициски екипи од езерската полиција и од СВР Охрид  заедно со членови на спасителската планинарска служба и на нуркачки тим од нуркачкиот клуб „Охрид“, вршат пребарување во езерските води и на копно со цел негово пронаоѓање и расчистување на настанот.