На 10.09.2026 во 23:25 часот на улица ,,Бекир Али Риза“ во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода го лишија лице на (28) од Прилеп.
При претрес во стан во Охрид, каде што престојувал, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана, грендери и други предмети со остатоци од марихуана.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


















