АктуелноОхрид

Известување за времен режим на сообраќај

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека на ден 12.09.2026 година (Сабота), во периодот од 18:00 до 24:00 часот поради одржување настан „НОЌ НА МУЗЕИ : ОХРИД ГРАД – МУЗЕЈ 2026“   за сообраќај ќе биде затворен дел од ул. „Цар Самоил“ (од рампата на градскиот плоштад до крстосницата ул. „Цар Самоил“ со ул. „Коста Абраш“).

Се молат сите учесници во сообраќајот  да се придржуваат кон времениот режим на сообраќај со цел безбедно одвивање на сообраќајот и непречено одвивање на гореспоменатиот настан.