АктуелноОхрид

Скршена влезната врата во црквата Св. Никола во с. Велгошти, одземени пари и други предмети

На 06.09.2026 во 15:15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во периодот од 04 до 06.09.2026 година, со употреба на алат и физичка сила, скршена е влезната врата во црквата ,,Св.Никола“ во охридското село Велгошти, од каде се одземени пари и други предмети.

 

Се работи на пронаоѓање на сторителот и по целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.