Со музиката на Мајлс Дејвис и Џон Колтрејн, Охрид ја заокружи последната фестивалска вечер на Охрид Џез Фестивал. Квартетот на Бранко Штерпин од Пула, Хрватска, со специјалниот гостин Војкан Јоциќ, пред охридската публика приредија концерт посветен на две легенди на светскиот џез, претставувајќи го нивното богато музичко наследство.
Овогодишненото фестивалско издание донесе разновидна програма за љубителите на џезот. Големиот интерес на публиката во текот на сите четири фестивалски вечери уште еднаш покажа дека Охрид има публика која ги препознава и поддржува квалитетните музички содржини.

















