На 27.08.2026 во 21:35 часот во струшкото село Враништа, приведен е лице на (34) од с. Лабуништа.
Полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го затекнале Е.Р. во паркирано возило „форд“ со словенечки национални ознаки и притоа пронашле предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
По целосно расветлување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

















