39. издание на Охридскиот пливачки маратон ќе донесе уште еден голем ден за Охридското Езеро и пливачкиот спорт.
Утре, Охрид повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и непокорниот дух. На патеката „Климе Савин“, долга 25 километри, 16 пливачи ќе се соочат со големиот маратонски предизвик, кој бара исклучителна издржливост, посветеност и силен спортски дух.
Како градоначалник, но и како охриѓанец, горд сум што имаме свој придонес во оваа голема маратонска традиција. Охридскиот пливачки маратон е многу повеќе од трка, тој е дел од нашиот идентитет, наша гордост, симбол на Охрид и нашето езеро.
На сите пливачи им посакувам мирни води и успешен настап!

















