СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (73) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 01.08.2026 во зграда на улица „АСНОМ“ во Охрид, пријавениот вперил пиштол кон лице од Скопје со кого претходно имал расправија за паркинг простор.
По судска наредба, лицето беше лишен од слобода и му беа одземени пиштол и пушка, како и повеќе парчиња муниција.

















