Ми претставува особено задоволство што од една храбра идеја, Ohrid Water Festival прераснува во автентичен спортски бренд на нашиот град.
Од 12-ти до 30-ти август, Охридското Езеро повторно ќе биде сцена на голем број спортски и рекреативни активности, а фестивалот ќе понуди содржини за различни генерации, различни интереси и различни нивоа на спортска подготвеност.
Секако, круна на целата фестивалска програма и оваа година ќе биде Охридскиот пливачки маратон, како еден од најзначајните и најпрепознатливи спортски настани поврзани со Охрид.
Сакам да изразам благодарност до сите охридски клубови, спортисти, спортски работници, организатори, партнери и институции кои се дел од оваа приказна. Сплотени покажавме дека кога постои заедничка визија, Охрид има капацитет да креира квалитетни настани. Веќе создадовме една нова спортска традиција. Сега е време таа традиција да ја развиваме и да и дадеме уште поголема вредност.
Ги поканувам сите наши сограѓани, гостите од земјава и странство, љубителите на спортот и забавата да бидат дел од четвртото издание на Ohrid Water Festival. Да уживаме во водените спортови и да покажеме дека Охрид не е само град на езеро, туку Охрид е град кој живее со езерото.
www.ohridwaterfestival.mk

















