Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со градоначалникот на Општина Либражд од Албанија, Мариглен Диша, на која беше разговарано за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете општини.
На средбата посебен акцент беше ставен на реализацијата на заеднички проекти и можностите за заедничко аплицирање во рамки на претстојниот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија 2021–2027.
Градоначалниците разговараа за можна проектна апликација, чија основна тема ќе биде унапредувањето на капацитетите за противпожарна заштита и подобрувањето на подготвеноста и одговорот при појава на пожари на отворено.
На средбата беше договорена возвратна посета на градоначалникот Пецаков во Либражд, Албанија и потпишување на меморандум за соработка помеѓу двете општини.

















