Голем пожар на границата меѓу Струга и Дебрца, густ чад видлив од Охридското Езеро
Голем пожар беснее попладнево на подрачјето каде што се граничат општините Струга и Дебрца, а густ чад се издига високо над планинскиот предел и е јасно видлив дури и од површината на Охридското Езеро.

Фотографии и видеа испратени до редакцијата од граѓани кои во моментот пловат по езерото покажуваат голем облак од чад што се шири над овој дел од регионот. Според досегашните информации, засега не може со сигурност да се утврди дали пожарот се наоѓа на територијата на Општина Струга, Општина Дебрца или во пограничниот појас меѓу двете општини.
Во моментов нема официјални информации за точната локација, причините за избувнувањето на пожарот, ниту за неговите размери. Очекувањата се надлежните служби наскоро да излезат со повеќе детали за состојбата и активностите за негово локализирање.
Редакцијата ќе продолжи да ја следи ситуацијата и ќе ја информира јавноста веднаш штом бидат објавени официјални информации.
https://www.youtube.com/shorts/PPC1kbTai7I

















