АктуелноОхрид

Промоција на Македонија низ вековите од д-р Виолета Ачкоска

Утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде
промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-
р Виолета Ачкоска „Македонија низ вековите
Книгата е во издание на клубот на писатели „Поетски ноти“ од Битола и
претставува сеопфатна синтеза на македонското минато – од праисторијата,
преку средновековието, па сѐ до крајот на Втората светска војна.
Монографијата нуди синтеза на македонската историја поделена во неколку
клучни поглавја.
Авторката проф. д-р Виолета Ачкоска вели дека книгата е создадена од две
клучни причини: практична и патриотска.
Д-р Ачкоска упатува јавна благодарност до донаторот Вера М Самарјанин која
го финансираше печатењето на првиот тираж од 100 примероци од оваа
исклучително вредна книга.
Промотор ќе биде доцент, д-р Никола Митровиќ – Бабе а промоцијата ќе се
одржи во Прличевата одаја на Библиотеката со почеток во 11 часот.

 

НУ Библиотека