АктуелноОхрид

Пронајдена и одземена марихуана кај лице на 18 години од струшко Мислодежда

На 12.07.2026 во 01:00 часот, на ул.„Нико Нестор“ во Струга, лишен од слобода е  лице на (18) од струшкото село Мислодежда кај кого, полициските службеници при извршен преглед, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана.

 

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.