Реализирана изградбата на централен цевковод за медицински кислород за интернистичкиот блок во ЈЗУ Општа болница Охрид
Со средства обезбедени од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) Сашо Клековски , успешно е реализирана изградбата на централен цевковод за медицински кислород за интернистичкиот блок во ЈЗУ Општа болница Охрид.
Со оваа инвестиција, одделите за Интерно, Неврологија и Педијатрија се поврзани на централен довод на медицински кислород, со што целиот интернистички блок сега располага со централно снабдување со кислород.
Ова значително ги подобрува условите за лекување на пациентите, овозможува побезбедно и поефикасно обезбедување на кислородна терапија и придонесува за унапредување на квалитетот на здравствените услуги.
ЈЗУ Општа болница Охрид продолжува со инвестиции во модернизација на болничката инфраструктура, во интерес на пациентите и здравствените работници.













