Општина Дебрца ги отвора вратите за сите граѓани,здруженија на граѓани, претставници на локалната самоуправа, бизнис сектор,советници и претставници на ЈП, на јавна дебата посветена на идниот економски развој на нашата општина и младинската вклученост.
Оваа иницијатива, која има за цел да понуди реални решенија за задржување на младите во родниот крај, претставува пример за квалитетна соработка помеѓу граѓанскиот сектор и локалните власти. Настанот се реализира во рамки на проектот „Youth-4-Democracy Laboratory – Creating the Next Generation of Democratic Leaders in North Macedonia“, спроведуван од Здружението за меѓународна младинска соработка „ИНТЕРАКТИВ“ – Битола, со поддршка од National Endowment for Democracy.
Под менторство на иницијативата на Вахид Мемед, учесниците ќе имаат можност конструктивно да разговараат за двата клучни правци кои можат да го трасираат економскиот подем на Дебрца:
Еко-туризам и органско производство: Искористување на природните убавини и земјоделските капацитети.
Лесна индустрија: Развој на нови капацитети како столб за економска стабилност и отворање работни места и намалување на иселеноста на младите.
„Општина Дебрца располага со огромен, а недоволно искористен потенцијал. Оваа дебата е вистинската платформа каде што заедно, со вкрстување на искуствата на институциите,бизнис сектор, советниците ,здруженија и ентузијазмот на младите, како двигатели на иницијативата на младинските лидери Ивана Левеска и Ристе Костовски , ќе се дефинира правец кој гарантира перспектива за сите,“ велат организаторите.














