Почитувани верници,
МПЦ – ОА, Дебарско-кичевската епархија ве поканува на заедничко молитвено торжество по повод празникот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски, нашиот духовен застапник, чиј спомен торжествено се празнува секоја година.
По тој повод, на 14.06.2026 година (недела), со почеток во 19:00 часот, во манастирот посветен на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски ќе биде отслужена празнична Вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Радоста и празнувањето ќе продолжат наредниот ден, на самиот празник, 15.06.2026 година (понеделник), кога со почеток во 08:45 часот ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Со духовна радост ги покануваме сите благочестиви верници со своето присуство да земат молитвено учество во празнувањето на светиот свештеномаченик Еразмо, Охридскиот чудотворец, кој е постојан молитвеник пред Бога за сите нас.
dke.org.mk















