АктуелноОхрид

Надалеку се слушаа зурлите, гајдите и тапаните на Републичката пензионерска ревија на песна, музика и игра во Валандово

На 10 јуни во културниот ценатр „25 мај“ во Валандово се одржа 16. Републичка пензионерска ревија на песна, музика и игра. Многу успешен организатор на ревијата беше Сојузот на пензионерите на Р. Македонија а одличен домаќин беа учесниците -пензионери од ЗП Валандово.

Тоа бепе празник за очите од прикажаното фолклорно богатство, традиција од повеќе етноси што живеат во Македонија, што траеше неколку часови на задоволство на присутните.

Членовите на КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебрца успешно се претставија со краток де од својата етно програма. „Оро се вие„, „Невестинско“ и „Лакочерејско оро“ што беа поздравени со голем аплауз од публиката.

По заврпување на ревијата продолжи и понатака заедничкото дружење на пензионерите во Стар Дојран на задоволство на сите присутни на манифестацијата.

 

 

 

Комисија за информирање при ЗП Охрид и Дебрца