АктуелноОхрид

Управата за заштита на културното наследство нема законски ингеренции во однос на куќата на ул. „Димитар Влахов“, велат од таму

 

Управата за заштита на културното наследство нема законски ингеренции за постапување во однос на издавање согласности, забрани или други управни акти поврзани со интервенции на овој објект. Надлежностите на Управата се однесуваат исклучиво на културни добра кои имаат утврден статус на заштита или се во постапка за заштита, согласно важечката законска регулатива. До УЗКН не е покрената постапка за воспоставување заштита на предметниот објект од надлежна установа за заштита, поточно НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид. Невладината Охрид SOS не е надлежна установа за доставување на предлози за воспоставување на заштита за објекти кои треба да бидат културно наследство. Објектот се наоѓа во контактната зона на Споменична целина Старо градско јадро на Охрид за кој постои утврден режим на заштита Со оглед на ова НУЗЗСК и музеј Охрид е надлежна установа која треба да ја следи состојбата на терен. Во време кога дезинформациите брзо се шират преку социјалните мрежи, од особена важност е јавноста да прави разлика помеѓу официјално потврдени информации и објави кои не се поткрепени со документи, факти или институционални извори. Случајот со објектот на улицата „Димитар Влахов“ уште еднаш ја отвора потребата од одговорно информирање и проверка на фактите пред во јавноста да се пласираат обвинувања кои можат да доведат до погрешна перцепција и непотребно вознемирување на граѓаните, стои во одицијалната информација од Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија.