Чувствуваме обврска да Ве известиме за активностите и дејностите, квази проектите, популистичките
импровизации и дневнополитичките објави на Градоначалникот и локалната самоуправа на 200тиот ден од
нивното владеење со Охрид.
Додека колегите од другите градови се одважија со извештај за 100 дена работа од именувањето на
функцијата, нашиот градоначалник очигледно заборавил или пропуштил делувајќи нетранспарентно и без
отчет пред охриѓани, спротивно на основните начела на функцијата за која е избран.
Убеден дека ќе заборават охриѓани, во обид да избега од вистината, дефокусирајќи ја јавноста се соочи со
најрелевантниот документ со катастрофален исход – извештајот од Државниот завод за ревизија.
Забелешките нотирани во извештајот со сериозни индиции за злоупотреби на јавните пари на охриѓани,
јасно ја отсликуваат лукративната визија на оваа локална власт предводена од градоначалникот заедно со
неговите извршители.
И додека немилосрдно се шетаат и злоупотребуваат јавните пари пред очите на охриѓани, зад превезот на
спортот и лажната претстава за градење на спортска култура, форсирајќи само одредена целна група, без
никакви правила и пропорција, останатите сектори и дејности оставени на политичка немилост и негрижа
на градоначалникот и свитата.
Средствата се прибираат на секој можен начин на едно место, се прераспределуваат како неопходни и
инцидентни, а празнините кои остануваат во буџетот се пополнуваат со нови одлуки на Совет за нови и се
потешки обврски кон граѓаните.
Каков ли е овој менаџмент кога за импровизациите и дубиозите се должни да трпат охриѓани, притиснати
од нечовечките одлуки и мерки на оваа локална власт.
Креативноста и разните начини на злоупотреба на парите на охриѓани е бесконечна.
Но за целосна реализација на лукративните цели, потребни се сервилни послушници и соучесници во
злоупотреба на јавните пари на граѓаните, а тоа се директорите на јавните институции, кои се неми
набљудувачи и соучесници.
Ќе сторат се само за да бидат успешни во очите на градоначалникот.
Цените вртоглаво расте заедно со револтот на охриѓани кои очигледно се само обичен глас на денот на
изборите за оваа локална власт.
Толку голема дадена доверба, а толку непопуларни одлуки како возврат за нивната поддршка и лојалност
на последните локални избори.
И покрај енормните поскапувања, се понискиот животен стандард, инфлацијата, малите плати на
работниците кои се пресметуваат спротивно на Колективниот договор, праксата на оваа локална власт
останува иста со една единствена цел – збогатување на актерите во овој голем театар предводен од
Градоначалникот.
Квалитетот и континуитетот на услугите на најниско ниво.
Јавниот интерес тотално неважен за директорите кои сега заслужено заштитени, без најмалку морална и
законска одговорност, продолжуваат да бидат генератори и непродуктивни расходи, судски трошоци,
камати, сомнителни набавки, адвокатски услуги, штетни договори, злоупотреба на службени возила,
точење гориво во приватни коли, секојдневно создавајќи нови и нови долгови кои ќе ги плаќаат охриѓани во
иднина.
И затоа — денес, овде, јасно и гласно порачуваме:
ЌЕ ИМА ОДГОВОРНОСТ!
За секој еден. За секоја злоупотреба. За секој потрошен денар од парите на охриѓани.
Ќе има одговорност за статусот на Охрид во УНЕСКО, за загадувањето, за Буково, за Охридското Езеро, за
урбанистичкиот хаос, за дивоградбите, за бетонизацијата, за поскапувањата, за уништувањето на јавните
претпријатија и за злоупотребата на народните пари.
Охриѓани гледаат. Охриѓани паметат. И охриѓани ќе судат.
Одговорност за целосно уништениот Охрид.
Одговорност за уништената охридска култура.
Крлев: Градоначалникот очигледно заборави да даде отчет пред охриѓани за 100 дена работа од именувањето на функцијата
Редакцијамај 28, 2026
posted on















