На 21.05.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија
со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода лице на (19) од с.Лешани, општина
Дебрца.
При претрес во домот, и помошни простории кои ги користел, извршен со
наредба од Основен суд Охрид, било пронајдено и одземено стебло од растението
канабис.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.















