На ден 21.05.2026 година, беше остварена работна средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија Петра Дрекслер и директорката на Делегацијата на германското стопанство во Република Северна Македонија Антје Ванделт. Се разговараше за досегашните резултати од примената на дуалното образование по германски стандарди во образовните профили Техничар за индустриска мехатроника и Техничар за производно машинство и изведувањето на практичната настава во компаниите партнери како и за интензивната и долгогодишна соработка со Сојузна Република Германија.
Имаа можност да ги посетат кабинетите реализирани од GTZ проектот пред 26 години, кои се во одлична состојба, опремени со дидактичка опрема за вежби од електротехничка струка, како и посета на реновирната работилница. Притоа од страна на нашите ученици беше презентирана практичната примена на Hidraulic and pneumatic training set, како и мерна опрема и микроконтролери добиени од грант поддржан од RCF фондот и KFW банка од Сојузна Република Германија.
Беше истакнато и нашето учество и имплементирање на програмата од RYCO Superschools проектот, која е кофинансирана од GIZ – Германското друштво за меѓународна соработка. Преку оваа програма, досега се реализирани два значајни проекти во соработка со училишта од регионот, со цел јакнење на меѓукултурната соработка, пријателството и размената на знаења меѓу младите. Се истакна вториот проект кој беше препознаен како пример за успешна и квалитетна соработка и ја доби престижната прва награда „Best Practice” од вкупно 60 реализирани RYCO проекти од регионот.
Поддршката од Сојузна Република Германија е од големо знзчење за нашиот Центар која и понатака ќе продолжи во проектите кои следуваат во иднина.














