На 19.05.2026 во 17:25 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија
од слобода лице на (49) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишна жена од
Охрид дека околу 12:35 часот во Основен суд Охрид, каде требале да имаат судско
рочиште, ѝ упатил закани.
Според пријавеното, тој и претходно ја следел и вознемирувал
со пораки по телефон.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна
пријава.















