АктуелноОхрид

27-годишен охриѓанец лишен од слобода поради агресивно однесување кон членови на семејството

На 19.05.2026 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода
лице на (27) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата 25-годишна сестра
дека, поради должничко-доверителски односи, агресивно се однесувал и со остар
предмет се заканувал на неа, нејзиниот брат и баба.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.