Сообраќајна несреќа се случи утрово на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, на приклучокот со улицата „Марко Нестороски“, каде се судрија две патнички возила.
Во несреќата е причинета материјална штета врз возилата, а според првичните неофицијални информации, нема повредени лица.

На местото на настанот извршен беше увид, а сообраќајот во овој дел од градот се одвиваше отежнато во текот на интервенцијата.
Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат.















