Денес имам особена чест да му доделам благодарница на господинот Сашо Нелоски, по повод неговото пензионирање. Ова не е само признание за неговиот децениски стаж, туку и длабоко благодарам за неговиот несебичен влог во македонското новинарство.
Сашо не беше само новинар. Tој низ децениите стана автентичен хроничар на нашиот Охрид. Преку неговите текстови и извештаи се афирмираа охридските вредности, култура и традиција, понатака Охрид достоинствено беше претставуван како духовен и туристички бисер и можеби и најважното е што вистината се чуваше како патоказ за идните генерации. Му благодариме што со гордост го носеше гласот на Охрид во етерот.
Сашо, ти посакувам спокојни и исполнети пензионерски денови, со истата љубопитност и жар за пишаниот збор!













