АктуелноОхрид

Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид-Кичево влегуваат во последната финална фаза

Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и објави видео од автопатот.

-Погледнете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид – Кичево, кадешто последниве две години изградивме многу и наскоро македонските граѓани ќе возат по овој автопат. Ја градиме Македонија, напиша вицепремиерот Николоски.