Денешните случувања не само што се жални туку и катастрофални.
Ваквите појави говорат за нас самите и тоа каква ни е совеста.
Веднаш беа известени официјалните инспекциски служби и угинатото животно беше тргнато.
Апелирам до институциите соодветно да одговорат и казнат на тие ова што го предизвикуваат.
П.С Изворите не се во опасност бидејќи веднаш се пристапи кон отстранување на животното
П.П.С – Во моментов градот Струга се снабдува од ГорноБеличките извори со доток од 380 л/с и матност од 0.6 NTU, водата е соодветно третирана
П.П.П.С – Сите овие појави воопшто нема да не померат и исплашат од целта која што сме ја зацртале како ЈП Водовод и Канализација за сигурно водоснабдување, пишува во својата објава директорот Јованчо Мечкароски.












