СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (58) од Ресен поради постоење
основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во
текот на 2026 година, пријавената во својство на в.д. директор на Јавната установа –
Национален парк „Галичица“ – Охрид, со пропуштање на должен надзор дозволила
изведување активности и склучила договор за соработка приватно претпријатие од Охрид
за тампонирање на катастарска парцела за која немало урбанистичка документација, ниту
одобрен проект за инфраструктура, а била во заштитен појас од 50 метри, а за кој
простор општина Охрид имала донесено времен мораториум за какви било градежни
активности согласно планот за управување со светско природно и културно наследство на
охридскиот регион.
Кривична пријава за вработена во ЈУ НП “Галичица“ поради неовластено работење во службата
Редакцијааприл 17, 2026
posted on












