АктуелноОхрид

Поставен видео надзор на повеќе критични точки каде континуирано се создаваат диви депонии

Во изминативе 10 дена оперативните служби беа максимално ангажирани во справување со последиците од неодговорното однесување на поединци кои не размислуваат што оставаат зад себе ослободувајќи се од непотребниот отпад од своите домови
😭 Грди слики од нелегално депониран отпад во населба Даљан, локалитет Лабино, селата Рамне, Трпејца, Косел, Подмоље и многу други локации; Овие слики не’ трогнуваат сите нас останатите, како може нечија негрижа кон животната средина да создаде услови со долгорочни последици и да го наруши нормалното функционирање во секој сегмент од животот
ℹ️ Од горенаведените локации со вонредно ангажирање на човечки ресурси и механизација се подигнати 164 м3 кабаст и зелен отпад и градежен шут
📹 Во оваа прилика ги известуваме граѓаните дека на критичните локации каде во континуиран период наназад се создаваа диви депонии, е поставен видео надзор и секое прекршување на Законот за јавна чистота ќе биде соодветно санкционирано
🫶 Охрид, нашиот најголем духовен и туристички центар, заслужува чиста и уредена животна околина која ја делиме сите ние