АктуелноОхрид

Бела грутчеста материја, пари и мобилен телефон пронајдени и одземени од лице од Охрид

На 03.04.2026 во 16:35 часот на магистралниот пат Охрид–Струга, на место викано
„Распаќе“, полициски службеници од ОКП-Отсекот за недозволена трговија со дрога и
оружје при СВР Охрид го лишија од слобода лице на  (36) од Охрид.

При преземени мерки, полициските службеници извршиле преглед над патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, при што биле пронајдени и одземени бела грутчеста
материја, пари и мобилен телефон.

Додека, при извршен претрес во помошен објект, кој
го користел пријавениот била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.