Во спортската сала Јане Сандански во Скопје се одржа Државното првенство, настан исполнет со врвни борби, силен натпреварувачки дух и голема посветеност од страна на сите учесници. Нашите натпреварувачи уште еднаш покажаа карактер, дисциплина и шампионски менталитет, оставајќи силен впечаток на татамито.
Пионери/ки
Елеонора Јосифоска (-57кг) – 1 место
Софија Ноческа (-48кг) – 3 место
Дариан Ночески (-42кг) – 1 место
Мишела Јаулевска (-63кг) – 2 место
Матеј Димитроски (-42кг) – 2 место
Давид Спироски (-55кг) – 1 место
Даниел Јосифоски (-73кг) – 3 место
Енил Ајдиноски (-66кг) – 1 место
Мунир Ајдински (-50кг) – 2 место
Дамјан Пејоски (-38кг) – 2 место
Сениори/ки
Драгица Рафтоска (-63кг) – 3 место
Амар Бајрамоски (-60кг) – 3 место
Андреј Симоноски (-81кг) – 2 место
Андреј Чакаровски (-90кг) – 3 место
Анамарија Стојмиловска (-52кг) – 1 место
Со гордост можеме да кажеме дека овој настап е резултат на континуирана работа, дисциплина и голема желба за успех. Секој освоен медал е доказ за вложениот труд, но и мотивација за уште поголеми достигнувања во иднина.
Честитки за сите натпреварувачи за прикажаната борбеност и срце на татамито, како и голема благодарност до тренерите и поддржувачите кои се секогаш зад нив. Ова е само уште еден чекор кон нови победи и уште поголеми успеси!












