АктуелноОхрид

Победа на охридските ракометари над РК „Олимпијакос“

Македонскиот претставник Охрид е на милиметри од пласман во полуфиналето на Европскиот куп откако денеска како гостин го совлада Олимпијакос со 31-26.

Идната недела на домашен терен охриѓани треба само да ја потврдат победата и да влезат меѓу четирите најдбри во ова натпреварување што ќе биде уште еден историски резултат за клубот.

Јасно е дека победата во грчката престолнина предизвика големо задоволство во тимот на Охрид, па како резултат на тоа дојде и победничката фотографија од соблекувалната.

РК Олимпијакос -ГРК Охрид 26:31
Голема победа за Охрид!
Напред Охридеее
– кратко напиша во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.