Денеска на пладне на просторот кај поранешната касарна во Охрид, на пригодна свеченост беше отворен спомен парк посветен на хероите од шестата македонска бригада и генерал Михајло Апостолски.
Спомен паркот е израз на трајна благодарност и почит кон борците кои со својата храброст и пожртвуваност, ја вградија својата жртва во темелите на слободата а спомен паркот ќе биде, вечен потсетник на нивното дело и инспирација за идните генерации.
Отворањто на спомен паркот е иницијатива на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, огранок Охрид со поддршка на локалната самоуправа.












