АктуелноОхрид

Пецаков: Започна асфалтирањето на главната пристапна патека во рамки на градските гробишта во Охрид

‎Активностите се дел од Проектот за реконструкција на асфалтните пристапни патеки во рамки на градските гробишта, со кој Општина Охрид аплицираше на првиот Јавен повик за финансирање на проекти од Министерството за локална самоуправа.
‎Претходно, со средства на Општина Охрид, екипи на ЈП „Нискоградба“ извршија поставување на комплетно нова атмосферска канализација долж главната пристапна патека.
‎Активностите за уредување на асфалтните пристапни патеки во градските гробишта ќе продолжат и во текот на наредниот период.