Денеска започнаа градежните активности за реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од улица „Партизанска“ во населба Охридати.
Надлежните општински служби упатуваат апел до жителите од овој дел на градот да бидат повнимателни при сообраќање или движење во оваа патна и пешачка зона. Автомобилите уредно да се паркираат само на приватен простор надвор од јавната површина што треба да се реконструира.
Изведувач на активностите е ИНТ „Глобл Инженеринг“ од Битола.












