АктуелноОхрид

Пронајдена и одземена марихуана кај лице од Струга

На 09.03.2026 во 22:25 часот на улицата „Енгелсова“ во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода лице на (26) од Струга.

При извршен преглед кај него, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.