Ве известуваме дека, од резултатите од анализата на примероците од вода од 05.03.2026 година од страна на Центарот за јавно здравје – Охрид, утврдено е дека матноста на водата во водоводната мрежа во Струга и во изворот “Шум” е во граница на нормала, но бидејќи вредностите на овој извор се уште варираат повторно секојдневно ќе се земаат примероци од вода. Поради оваа причина забраната за употреба на вода за пиење продолжува.
Ги молиме сите граѓани да не се користи водата за пиење до следното известување.
-стои во соопштението од ЈП „Водовод и Канализација „ Струга.










