АктуелноОхрид

Лишено од слобода лице на граничниот премин Блато кое било барано со потерница од Интерпол -Унгарија

На 04.03.2026 во 15:05 часот на Граничен премин Блато, на влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато го лишија од слобода  лице на (38) од Република Албанија.

При пасошка и гранична контрола, полициските службеници констатирале дека бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Унгарија.

Тој е пренесен во ОВР Дебар за понатамошна постапка.