СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (74) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Тој, како инвеститор, на катарстарска парцела во охридската населба Рача, без правосилно одобрение за градење издадено од Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, изградил објект за домување.











