ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (23) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.










